Вук Стефановиќ Караџиќ
Вук Стефановиќ Караџиќ (роден во Трсиќ во 1787 година, починал во 1864 година во Виена) е најзначајната фигура во српската литература во првата половина на 19-от век.
Поголемиот дел од својот живот го поминал во Виена, но тој никогаш не ја заборавил својата земја. Честопати претстојувал во Србија, каде што започнал со собирање на српските народни песни, со реформа на кирилско писмо и со борба за воведување на народниот јазик во српската книжевност. Со реформите на Вук во српскиот јазик е воведен фонетски правопис, а српскиот јазик го потиснал словенскосрпскиот јазик, кој во тоа време бил јазикот на образованите луѓе.
Во првата половина на 19 век, со помош на тогашните врвни филолози, како што се браќата Грим и австриските власти претставени од Јернеј Копитар, Вук Караџиќ направил реформа на српскиот правопис, со што направил големa разлика помеѓу поранешната српскословенската култура и новиот стандард.
Вук Караџиќ успеал да го заврши своето дело. Неговата граматика која ја нарекол "Писменица сербскога језика " е објавена во Виена во 1814. И покрај несовршеноста и непотполноста, ова дело е значајно како прва граматика на говорот на обичните луѓе. Основната вредност на Писменицата била нејзиното радикално поедноставување на азбуката и правописот. Вук во неа го применил принципот на Аделунг: "Пишуваj како што зборувааш, а читај како што е напишано" . Тој сметал дека секој глас треба да има само една буква, па затоа од тогашната азбука ги исфрлил сите непотребни букви, кои се пишувале, иако тие имале свои гласови. Старите букви ги користела православната црква, која во нив гледала еден вид врска на културата и писменоста со религијата.
Други капитални дела на Караџиќ, меѓу кои и на првото издание на "Српскиот речник" (1818), второ, значително проширено издание (1852), како и преводот на "Новиот Завет" (1847), се поставиле темелите за современ стандарден српски јазик. Ликот и делото на Вук Караџиќ оставиле трага врз развојот и на другите јужнословенски јазици.
Нека му е вечна слава на големиот книжевник, Вук Стефановиќ Караџиќ.